Од 9 до 18 часот на платото пред Куќата на фудбалот во Скопје ќе биде изложен трофејот на специјално брендирана поставка и ангажиран официјален фотограф за фотографирање на присутните љубители на фудбалот, децата и екипите учесници во Детската лига на ФФМ.

- Жителите на нашата држава ќе имаат можност да уживаат во уникатна авантура – „сите Македонци да бидат дел од срцето на настанот“ преку изложувањето на УЕФА СУПЕР КУП трофејот, вели Илчо Ѓорѓиоски, претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Натпревраот во УЕФА Супер Купот ќе се игра на 8 август 2017 година во Скопје.

Датум на објава: сабота, 18 март 2017 во 09:44
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар