На 9-те натпревари во Лигата на шампионите, Талески како член на Металург постигна 41 гол.

На два од деветте одиграни натпревари за Металург во ЛШ тој постигна двоцифрен број голови, против Елверум 13 и против Татран Прешов 10.
Најдобра „седморка“ на групи Ц и Д во ЛШ се:

голман: Сирил Думулин (Нант)
лево крило: Магнус Браминг (Холтесбро)
лев бек: Филип Талески (Металург)
среден бек: Николас Клер (Нант)
десен бек: Јуре Доленец (Монпеље)
десно крило: Давид Балагер (Нант)
пикер: Лудовик Фабрегас (Монпелје)

По Светското првенство во Франција, Талески сега е член на бундеслигашот Рајн Некар Левен. 

Датум на објава: петок, 17 март 2017 во 19:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар