Хрватските медиуми денеска објавуваат дека златниот хрватски изборник веќе почнал да го составува и стручниот штаб во кој би имало место за младиот тренер на Нексе Хрвоје Хорват но и за легендите Ивано Балиќ и Перо Метличиќ кои беа во комбинација со претходниот селектор Жељко Бабиќ.

„24 сата“ се осврнува и на иднината на Червар во однос на Металург пренесувајќи негова изјава дека поминал убави седум години во Македонија и дека тоа ќе му биде секогаш драг спомен.

Тоа е протолкувано дека веке на утрешната прес конференција би можело да се случи да го објави прекинот на соработката и со македонскиот вицепрвак.

Датум на објава: петок, 17 март 2017 во 17:56
Зоран Цветановски

коментари

остави коментар