Тој од бундеслигашот Рајн Некар Ловен ќе мине во редовите на Веспрем. Манасков потпиша едногодишен договор со важност до 30 јуни 2018 година.

Крилото на македонската репрезентација од Вардар пред една сезона замина во Рајн Некар Левен, но во германскиот шампион сезонава немаше голема минутажа покрај Исланѓанецот Гудјон Валур Сигурдсон.

Веспрем денеска ги претстави засилувањата за наредните две сезони: тренерот Љубомир Врањеш, потоа Дејан Манасков, Мануел Штрлек, Кент Робин Тонесен, Вилијам Акамбре, Кентин Мае и Матијас Ѓер.

Тренер од летово на Веспрем ќе биде Љубомир Врањеш.

Датум на објава: петок, 17 март 2017 во 17:11
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар