Бешикташ го победи Олимпијакос со 4:1 и со вкупни 5:2 го елиминира ривалот. Во дуелот на белгиските екипи меѓу Генк - Гент вечерва беше 1:1 и во вкупниот резултат е 6:3 за Генк, додека Селта победи и во двата натпревара против Краснодар. Вечерва беше 2:0 или вкупен резултат од 4:1.

Во терминот од 21:05 часот се играат пет реванш натпревари од оваа фаза: Ајакс – Копенхаген (1:2 прв натпревар), Манчестер Јунајтед – Ростов (1:1), Рома – Олимпик Лион (2:4), Борусија Менхенгладбах – Шалке (1:1) и Андерлехт – АПОЕЛ (1:0).

Извлекувањето на двојките за четвртфиналето ќе се одржи утре во Нион со почеток во 13 часот.

Датум на објава: четврток, 16 март 2017 во 22:11
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар