На 8-ми август годинава на Филип втори арена ќе се одигра натпреварот меѓу победникот на Лигата на шампионите и освојувачот на  Лига Европа. 

Согласно востановената практика УЕФА го испраќа големиот пехар за Суперкупот кај домаќинот за промоција на големиот настан што традиционално се одржува во различни градови во Европа на стартот на новата сезона.

Централниот настан на кој ќе биде изложен трофејот на македонската спортска јавност ФФМ ќе го организира в сабота на платото пред куќата на фудбалот во Скопје.

Датум на објава: четврток, 16 март 2017 во 18:42
Зоран Цветановски

коментари

остави коментар