Денешната програма ќе биде отворена со дуелот во Истанбул каде од 18 часот ќе започне мечот меѓу Анадолу Ефес – Макаби Тел Авив.

Во терминот од 20:15 часот во Атина кај Панатинаикос гостува лидерот на табелата Реал Мадрид, додека од 20 часот и 45 минути ќе започнат средбите меѓу, Бамберг – Фенербахче и Армани Милано – Црвена звезда.

Во останатите четири натпревари од оваа рунда утре ќе играат:
Уникс Казан – Жалгирис,
Дарушафака – Барселона,
Олимпијакос – Галатасарај и
Басконија – ЦСКА Москва.

Табела: Реал Мадрид 19-6 (победи-порази), ЦСКА Москва 19-6, Олимпијакос 18-7, Фенербахче 16-9, Басконија 14-11, Панатинаикос 14-11, Црвена звезда 14-11, Анадолу Ефес 13-12, Дарушафака 12-13, Жалгирис 11-14, Барселона 10-15, Бамберг 9-16, Макаби Тел Авив 9-16, Галатасарај 8-17, Уникс 7-18, Армани Милано 7-18. 

Датум на објава: четврток, 16 март 2017 во 10:09
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар