Во натпревраот од последното 26. коло одигран попладнево во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, аеродромци се совладани од  црногосркиот тим Морнар со 63-69 по четвртини 16-18, 15-17, 10-21 и 22-13.

Ова беше дури 18 пораз на македонскиот шампион кој сезоната ја заврши со само 8 победи. Тоа е вториот најлош настап на МЗТ Скопје Аеродром во АБА конкуренцијата, откако во сезоната 2014-2015 имаше само 7 победи и дури 19 порази.

Најдобриот настап МЗТ Скопје го имаше во дебитантската сезона (2012-2013) кога имаше учинок од 14 победи и 12 порази.

На претходно одиграните натпревари од последното коло беа постигнати овие резултати: Мега Лекс – Карпош Соколи 82-69, Игокеа – Партизан 70-64, Цедевита – ФМП 104-92, Крка – Цибона 95-91 и Задар - Унион Олимпија 81-78.

Колото ќе биде комплетирано вечерва со дуелот Црвена Ѕвезда – Будуќност по чиј исход ќе се знаат и полуфиналните двојки.

Табела: Црвена Ѕвезда 24-1 (победи-порази), Цедевита 20-6, Партизан 19-7,  Будуќност 18-7, Игокеа 13-13, Мега Лекс 11-15, Цибона 11-15, Морнар 10-16, ФМП 10-16, Карпош Соколи 10-16, Олимпија 10-16, Задар 9-17, МЗТ Скопје Аеродром 8-19 и Крка 8-18.

Датум на објава: понеделник, 13 март 2017 во 22:16
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар