Натпреварот беше дел од кампањата ,,Ватерполо на море,, што пред шест години ја покрена австралискиот репрезентативец Томас Вилан во намера да го промовира овој спорт во Австралија.

Во текот на мечот огромни бранови од морето се префрлаа преку оградата на базенот што на спортистите им создаваше многу проблеми но ја забавуваа публиката. За време на претствувањето на екипите неколкумина ватерполисти под налетите на брановите завршија во базенот, а во текот на мечот истото му се случи и на еден од судиите. Австралија победи со 16-15. 

Датум на објава: сабота, 11 март 2017 во 19:55
Зоран Цветановски

коментари

остави коментар