- Станува збор за плејмејкер, кој треба да им помогне на Кендрик Пери и на Доминик Мавра во организација на нападите на „соколите“ во обидот да се оствари уште еден историски успех – освојување на првата шампионска титула, информираат од КК Карпош Соколи.

Оваа сезона „соколите“ дебитираа во АБА-лигата, а пред неполн месец го освоија првиот клупски трофеј досега, во Купот на Македонија на завршниот турнир во Кавадарци.

Поповиќ професионалната кариера ја почнал во 2.000 година во дресот на Застава од Крагуевац, а досега има настапувано за голем број клубови меѓу кои се и грчка Олимпија Лариса, шпанска Мурсија, словенечки Златорог, украински Динамо Тбилиси и полски Старт Лублин. На српската кошаркарска сцена успешно настапувал за екипите на Ергоном Ниш, Слога Краљево, Војводина, Напредак Крушевац, Смедерево 1953...

Новото засилување на Карпош Соколи нема да настапи на денешниот последен меч во АБА-лигата на гости кај Мега Лекс (20 часот), а дебито во новиот клуб ќе го има в среда со Работнички.

Датум на објава: петок, 10 март 2017 во 20:20
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар