54-годишниот Давитков по пауза од 10 години се враќа на позицијата селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија.

Тој со МКФ се договори да раководи со нашиот национален тим во следните две години но под услов да ги помине претквалификациите во август годинава за Светското првенство во Кина.

Во групата со нас се Косово и Естонија а двете првопласирани селекции ќе влезат во главните квалификации за Мундијалот.

Јорданчо Давитков во моментов е тренер на Ал-Шааб од Обединетите Арапски Емирати каде што ќе остане да работи покрај ангажманот во македонската репрезентација.

Помошници на Давитков ќе му бидат Александар Јончевски и Љупчо Малинков.

Последен селектор на Македонија беше Србинот Драган Раца кој не успеа да ги помине квалификациите за Европското првенство што годинава ќе се одржи во Турција, Финска, Израел и Романија.

Датум на објава: петок, 10 март 2017 во 18:12
Зоран Цветановски

коментари

остави коментар