- Ние сме први без разлика на се. Професионалци сме, и должни сме на себе и навивачите оваа фаза да ја завршиме со победа. Сериозно го сфаќаме Кристијанштад, и како што кажа тренерот да уживаме и да ја завршиме оваа фаза со победа, истакна Стоилов на денешната прес-конференција.

Вардар првпат откако се натпреварува во групната фаза од Лигата на шампионите го завршува овој дел од првото место, и првпат обезбедува директен пласман во четврт-финалето.

- Ќе завршиме како првопласирани во групата. Немаме притисок, и треба да уживаме, да имаме добар меч во недела. Треба да бидеме сериозни, бидејќи мечот е важен и за Кристијанштад, и треба да бидеме фер. Имаат добри играчи, добар контра напад, и ќе мораме да се враќаме брзо во одбрана. Можеме брзо да постигнеме гол, но и тие играат брзо, па и лесно постигнуваа голови исто така. Очекувам да дојдат повеќе луѓе да го следат натпреварот. Салата да биде полна. Треба да уживаме во натпреварот, рече Раул Гонзалез, тренерот на Вардар.

Македонскиот шампион досега одиграл три натпревари во ЛШ и на сите три славел победа.

Почетокот на дуелот со Кристијаншатд е в недела во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански". /МИА

Датум на објава: петок, 10 март 2017 во 13:48
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар