21-годишниот Трајковски во Австрија ќе биде придружуван од тренерот Јован Јовановски и водачот на македонската делегацијата Аган Реџепагиќ.

Бојан се натпреварува во дисциплината Алпско скијање во слалом, велеслалом и супер велеслалом во категорија „Нов ајс“, почетници. Тренанжниот процес со одвиваше на Маврово и во Боровец.

-Пријатно сум изненаден од напредувањето на Бојан во скијачката вештина. Моите очекувања на почетокот на подготовките беа скромни, но тој силно ме демантира со ентузијазмот од првиот тренинг до сега. Во периодот на тренинзи Бојан напредуваше одлично и јас сум оптимист дека по завршувањето на Олимпијадата тој ќе продолжи да се скија, што е добивка која не може да си ја дозволи секој човек, вели тренерот Јовановски

Атлетот Трајковски очекува медал и тоа најсјајниот – златниот.

На Зимски олимписки игри на Специјална олимпијада ќе учествуваат 2.700 атлети, 1100 тренери од 107 нации, а се поддржани од 3.000 волонтери. Тие ќе бидат најмасовните зимски олимписки игри во историјата на Специјална олимпијада воопшто.

Натпреварите ќе се одвиваат во три скијачки центри: Грац, Шладминг и Рамзау ам Дахштајн, а атлетите ќе се натпреваруваат во девет дисциплини: уметничко лизгање, брзо лизгање, хокеј во сала, флорбол, одење по снег, алпско скијање, скијачко трчање, скијање на даска (сноубодинг) и стикшутинг.

Целите на овогодишните Зимски олимписки игри Австрија 2017 се: јакнење на човековите права, зголемување на бројот на учесници во новите спортови  и создавање на партнерски програми. 

Датум на објава: четврток, 09 март 2017 во 12:55
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар