Тој ноќеска на дуелот против ЛА Лејкерс постигна 25 поени и сега има 30.005 поени.

Dirk Nowitzki Novicki

Воедно тој беше и најдобриот играч во победата на неговата екипа, а вкупно седум играчи постигнаа двоцифрен број поени.

На другите два дуела, Расел Вестбрук имаше рекордни во кариерата 58 поени против Портланд, но неговата екипа Оклахома Сити загуби, додека Бојан Богдановиќ како играч од клупата постигна 29 поени за Вашингтон на гостувањето кај Феникс.

Резултати на ноќеска одиграните натпревари:

Оклахома Сити – Портланд 121:126,
Далас – ЛА Лејкерс 122:111,
Феникс – Вашингтон 127:131.

Плсман Источна конференција: Кливленд 42-20 (победи-порази), Бостон 40-24, Вашингтон 38-24, Торонто 37-26, Атланта 34-29, Индијана 32-31, Детроит 31-32, Чикаго 31-32,...

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 52-11, Сан Антонио 49-13, Хјустон 44-20, Јута 40-24, ЛА Клиперс 38-25, Мемфис 36-28, Оклахома Сити 35-29, Денвер 29-34,...

Датум на објава: среда, 08 март 2017 во 10:18
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар