- Овој пат имаше 13 земји учеснички со повеќе од 700 натпреварувачи, каде што Резарта Алими имаше три борби и во сите поентираше во самиот старт и го освоивме златниот медал. За краток период имаме освоено 4 златни медали на меѓународно ниво и тенденцијата е уште поголема за освојување балкански медал, рече Драган Шеќероски, тренер на џудо клуб „Гладијатор 2016“.

По враќањето од Полска активностите на кочанскиот џудо клуб продолжуваат со мини камп во Кавадарци.

- Во соработка со џудо клубот „Кожувчанка“ од Кавадарци заедно со уште два други клуба од Македонија имаме заеднички мини камп со мајсторот по џудо од Белгија, Габриел Сапта. Ние ќе настапиме со 15 наши џудисти, додаде Шеќероски.

Следна активност на клубот од Кочани  е учеството на викенд семинарот за судии и тренери што ќе се одржи на 11 и 12 март во Прилеп, а по него кочанските џудисти се подготвуваат за Државното првенство за пионери и сениори што ќе се одржи на 19 март во Прилеп. 

Датум на објава: вторник, 07 март 2017 во 11:53
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар