Младите Македонци уште еднаш го собраа златото кај јужниот сосед. Изминатиот викенд битолската академија учествуваше  на 6-тиот Интернационален и 12-тиот Сегрчки Фестивал за боречките вештини „Мигдониа” 2017.

Вториот настап во Солун за помалку од 4 месеци помина исто толку успешно како и првиот. Единствениот тим- претставник на Република Македонија, кој на фестивалот учествуваше на покана на Грчката федерација за боречки вештини, дома се врати со 20 златни и 4 сребрени медали.

На крајот на ноември минатата година, Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО” од Битола, на натпреварите во Солун освои 39 златни и 3 сребрени медали.

Датум на објава: вторник, 07 март 2017 во 11:26
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар