Македонија заедно со уште 16 други држави ќе биде дел од Источно- европските првенства за млади тенисери што ќе се играат во Анталија.

За Македонија ќе играат: Берк Бугариќ и Борис Мркев во машка конкуренција и двајцата членови на ТК „Југ“, а кај девојчињата ќе играат: Стефанија Кировска од ТК „Југ“ и Јана Стојанова од ТК „Теннис парк“- Скопје.

Натпреварите на првиот турнир почнуваат утре и ќе траат до 11 март, додека на 12 март е слободен ден. Вториот турнир ќе почне на 13 март и ќе трае до 17 март. 

Датум на објава: понеделник, 06 март 2017 во 16:54
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар