Мареј минатата недела триумфираше на турнирот во Дубаи и со тоа освои 500 поени, додека Ѓоковиќ е елиминиран уште во 3.коло на турнирот во Акапулко каде освои само 90 поени.

Британецот сега има 12.040 поени, додека Ѓоковиќ е н авторото место со 9.825.

По водечкиот тандем следуваат Стан Вавринка (Швајцарија) со 5.195 поени, Милош Раониќ (Канада) со 5.080, Кеи Нишикори (Јапонија) кој има 4.730 поени, шести е Рафаел Надал (Швајцарија) со 4.415 бода.

Во ТОП 10 уште се и: Марин Чилиќ (Хрватска) со 3.590 бода, Жо-Вилфред Цонга (Франција) 3.480, Доминик Тим (Австрија) 3.375 и  Роџер Федерер (Швајцарија) 3.305. 

Датум на објава: понеделник, 06 март 2017 во 13:12
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар