Белгиецот Дарсис, кој е 135. на АТП-листата, славеше со 7-6 (4), 7-6 (8), 6-4 за два часа и 55 минути, приредувајќи го едно од најголемите изненадувања во 127-годишната историја на неофицијалното светско првенство во тенис.

Ова е прв пораз на Шпанецот во прво коло на гренд-слем и втора рана елиминација на најпрестижниот турнир по минатогодишната од Чехот Лукаш Росол во второто коло, по која направи седуммесечна пауза поради повреда на коленото. Дарсис ја запре фантастичната серија на Рафа по враќањето на терените во февруари годинава, во која освои седум трофеи на девет турнири на кои настапи, вклучувајќи го и рекордниот осми пехар на Ролан Гарос пред две недели.

-  Рафа не одигра најдобро тука. Тешко е кога ти е прв меч на трева. Јас само сакав да играм на мој начин, со излегувања на мрежа, но и не многу далеку од основната линија. Отсекогаш сум играл добро на трева, можеби не овде, каде што сум имал тешки противници, но навистина сум среќен. Не знам што да кажам, изјави Дарсис по мечот во кој стана најниско рангираниот тенисер што го победил Надал во последните седум години.

Надал е првиот актуелен шампион на Ролан Гарос што испаднал во првото коло на Вимблдон по Густаво Кертен во 1997 година./извор: derbi.mk

Датум на објава: понеделник, 24 јуни 2013 во 20:53
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар