Кириос кој е на 17.место на АТП ранг листата, одигра перфектен натпревар во кој оствари 25 асови, за на крајот во два сета да го совлада Ѓоковиќ кој во Мексико беше рангиран како прв носител.

Првиот сет донесе голема борба, во која беа одиграни максимални тринаесет сета, а откако Ѓоковиќ пропушти сет топка во тај-брејкот, Австралиецот го доби сетот со 7-6 (11-9 на поени).И вториот сет мина во ист ритам, а тој Кириос го доби со 7-5.

Во полуфиналето Кирјос ќе се сретне со Сем Квери, додека во второто полуфинале ќе играат Рафаел Надал, кој синоќа славеше лесна победа над Нишикоја од 2-0 и Хрватот, Марин Чилиќ. 

Датум на објава: петок, 03 март 2017 во 12:10
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар