Тимот на Чикаго го победи вицешампионот Голден Стејт со 94:87.

Џими Батлер со 22 поени, 6 асистенции, 5 скокови, 4 украдени топки беше предводник на „Булси“ во оваа значајна победа во борбата за плејофот во Источната конференција. Боби Портис имаше дабл-дабл учинок со 17 поени и 13 скокови.

Лоша шутерска ноќ имаа Стеф Кари и Клеј Томсон кој заедно 22 обиди реализираа само 3 тројки. Кари средбата ја заврши со 22 поени, а Томпсон со 13 поени. Инаку ова беше првпат по 146 натпревари односно две години „Воините“ да бидат поразени на два натпревраи во низа во регуларниот дел од сезоната.

Расел Вестбрук иако постигна 45 поени, а имаше и 8 скокови и 4 асистенции сепак, екипата на Оклахома загуби на гостувањето кај Портланд со 114-109. Предводник на Портланд беше Демијан Лилард кој постигна 33 поени, а забележителен настап имаше и Босанецот, Јусуф Нуркиќ кој оствари дабл-дабл учинок со 18 поени и 12 скокови.

Успешната вечер на домашните тимови ја заокружи Феникс кој го совлада тимот на Шарлот со 120:103. Маркиз Крис со 17 и Леонардо Барбоса со 16 поени беа најпрецизни кај „Санси“, додека кај гостите, а воедно и на натпреварот најефикасни беше Кемба Вокер со 26 поени. 

Датум на објава: петок, 03 март 2017 во 10:44
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар