Тоа значи дека играчот ќе биде подготвен за плеј офот.

Тој повредата на левото колено ја заработи на самиот почеток на дуелот со Вашингтон, кога неговиот соиграч Заза Пачулија падна директно на неговата нога.

Голден Стејт е најдобриот тим досега во регуларниот дел од лигата со скор 50-10 (победи-порази), а зад нив е Сан Антонио со 46-13 и двете екипи од Западната конференција, додека првакот Килвленд е водечка екипа во Источната конференција со биланс 41-18. /МИА

Датум на објава: четврток, 02 март 2017 во 16:42
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар