Директорот на Агенцијата за млади спорт Марјан Спасески, по тој повод денеска се сретна со претседателот на Атлетска федерација на Македонија Крсте Серафимовски и двајцата најдобри млади атлетичари по постигнати резултати за 2017 година Сашо Голубиќ (1995), кој ќе настапи на 60 метри и  Мартина Мироска (1998), која ќе настапи во скок во далечина.

Спасески рече дека атлетиката во нашата земја е во континуиран развој, а Владата преку ресорните институции силно вложува и во делот на подобрување на спортската инфраструктура и овозможување услови за развојот на овој спорт.

- Се изгради најсовремена атлетска патека по сите светски стандарди на Националната арена „Филип Втори Македонски“, на која се одржа и Европскиот куп во трчање на 10 километри, изјави Спасески.

Посочи дека АМС има одлична соработка со Атлетската федерација на Македонија која финансиски ја поддржува со вкупно 1.660.000 денари за подготовки и учество на Светско првенство за сениори во Лондон, Европското првенство за сениори во сала во Белград, Светското првенство за млади во Најроби, Евроспкото првенство во планинско трчање во Камник и Светското првенство во планинско трчање во Прамена, Италија.
- Финансиска поддршка има и за Организација на системот на натпревари, за организација на меморијалниот атлетски митинг “Лазо Милошески”, за Скопскиот маратон, како и за спроведување на соодветни допинг-контроли. На нашите репрезентативци им посакувам успешен настап и се надевам дека во одлично светло ќе не претстават на ова Европско првенство, изјави Спасески. 

Датум на објава: вторник, 28 февруари 2017 во 14:42
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар