Џими Батлер оствари трипл-дабл од 18 поени, 10 скока и 15 асистенции, но Двеј Вејд беше вистинскиот лидер на „Булси“ до оваа победа со учинок од 20 поени, 10 асистенции и 9 скокови. Кај домаќините, воедно и на натпреварот најефикасен беше Кајри Ирвинг кој постигна 34 поени, а оствари и 9 скока.

Затоа пак Голден Стејт немаше потешкотии во дуелот со Бруклин.

Иако во тимот на „воините“ го немаше Кевин Дурант, сепак тандемот Кари-Томсон беше доволен да се порази Бруклин со 112-95 и официјално обезбеди место во плеј-офот.

Стеф Кари постигна 27 поени, а Клеј Томпсон беше стрелец на 24 поени за домашниот тим.

На останатите натпревари одиграни ноќеска во НБА лигата, беа постигнати овие резултати: Орландо - Атланта 105:86, Њујорк - Филаделфија 110:109, Мајами - Индијана 113:95, Далас - Њу Орлеанс 96:83 и Хјустон - Минесота 142:130.

Датум на објава: недела, 26 февруари 2017 во 10:39
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар