Во првата средба Заборски загуби од повеќекратниот европски и светски првак Габор Хараспуки од Унагрија со резултат 0-3, но бидејќи Унгарецот влезе во финалето, Петар доби шанса да се бори за бронзениот медал и тој во репасажот се покажа во вистинското светло и ги доби сите три борби. Беше подобар од Ардит Рушити (Словенија), Ѓорѓе Салапура (Србија) и Серјожа Сергасјан од (Ерменија).

Петар Заборски е нашиот јуниорски европски вицешампион од претпоследното европско првенство во Швајцарија, Цирих (2015). Ова е веќе втор европски медал за овој млад и перспективен карате репрезентативец.

Европското првенство беше рекордно по број на земји учеснички или вкупно 50 држави, што до сега е најмасовен спортски настан на континентот. /МИА

Датум на објава: понеделник, 20 февруари 2017 во 09:41
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар