Од првите минута на средбата Работнички предводен од капитенот Мираковски ја имаше контролата на играта и резултатот. Покрај искусниот квартет кој одигра уште еден одличен натпревар, се истакнаа и помладите Николиќ и Ефремовски.

Работнички до 33.минута имаше сигурна и убедлива предност не поголема од 13 кошеви, но Куманово со тројките на Јаневски, Караџовски и Браун го однесе мечот во неизвесен финиш. Но, искусниот состав на „центарци“ знаеше како да го сочува водството и на крајот  да забележи триумф вреден полуфинале.

Во редовите на победникот прв стрелец е Мишановиќ со 23 поен, Мираковски постигна 17, Чековски 15. Кај Куманово Караџовски запиша  19 запиша, а Мијатовиќ дуелот го заврши со  15 поени.

Утре во 18 часот за првиот финалист на Купот ќе решаваат Работнички и Карпош Соколи.

Датум на објава: петок, 17 февруари 2017 во 20:21
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар