За Фојц ова беше прв златен медал од Светските првенства.

Второто место и сребрениот медал му припадна на „златниот“ од супервелеслаломот Ерик Геј од Канада кој беше побавен за 0.12 секунди зад Фојц.
На победничкиот подиум се најде и Макс Франц од Австрија кој трката ја заврши за 1:39.28 минути.

За само две стоти делови од секундата бронзениот медал му „избега“ на Патрик Кунг, додека еден од фаворитите за највисок пласман, Норвежанецот Ќетил Јансурд трката ја заврши на петтата позиција.
Натпреварите на скијачкиот Мундијал во Швајцарија продолжуваат утре со дисциплината комбинација во машка конкуренција. 

Датум на објава: недела, 12 февруари 2017 во 16:22
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар