Штох освои 262,7 бодови со скоковите од 137,5 и 140 метри.

Второто место му припадна на Германецот Андреас Велингер со 255,3 бода (140,5 и 132 метри), додека трет беше Стефан Крафт од Австрија со скокови од 132 и 144 метри, или 249,6 бода.

Победниците од првиот натпреварувачки ден во Сапоро, Мачеј Кот и Петр Превц завршија на четвртата, односно на шестата позиција.

Со денешната победа Штох ја зголеми предноста во однос на Крафт во Генералниот пласман: Штох 1.180 бода, Крафт 1.040, Андреас Танде 1.034, Домен Превц 878, Кот 747, Велингер 708,...

Следниот натпревар ски-скокачите ќе го имаат на 14 феврури (вторник) во Пјонг Чанг, Кореја. 

Датум на објава: недела, 12 февруари 2017 во 09:54
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар