По голема борба во дуелите со италијанските тенисери, Аргентинците загубија со 3-2 во победи со што не успеаја да се пласираат меѓу осумте најдобри.

Во решавачкиот пети меч, кој траеше 4 часа и 15 минути, иако домашниот тенисер Гуидо Пела ги доби првите два сета со 6:2, 6:4, сепак Фабио Фоњини не се предаде и успеа да направи комплетен пресврт па следните три ги доби 3:6, 6:4 и 6:2, за со конечни 3-2 во сетови да и ја донесе на „Аѕурите“ третата победа во дуелите со Аргентина.

Италија во четвртфиналето ќе игра против селекцијата на Белгија која пак во осминафиналето беше убедлива во дуелите против Германија (4-1).

Потсетување дека во осминафиналето, беше елиминиран и минатогодишниот финалист Хрватска селекција која загуби од Шпанија со 3-2. Шпанците за противник во четвртфиналето ќе ја имаат Србија, а во другите два дуели ќе играат, Австралија – САД и Франција – Велика Британија.

Четвртфиналните натпревари ќе се играат од 7 до 9 април. 

Датум на објава: понеделник, 06 февруари 2017 во 22:09
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар