Вториот светски рекет беше подобар во Доха од во моментов најдобриот планетарен тенисер Енди Мареј (Велика Британија) во меч кој траеше речиси три часа.

Првиот сет го доби Ѓоковиќ со 6:3, возврати Мареј со 7:5, а во решавачкиот трет сет Србинот беше подобар со 6:4.

За Ѓоковиќ ова беше 67. АТП трофеј, воедно и 25. победа во 36. меѓусебен дуел со Мареј. /МИА



коментари

остави коментар