-Најдобрата вест во моментов е вметнувањето вонреден саботен лет кон хрватската престолнина, што значи дека „сино-белите“ ќе имаат доволно време за одмор и подготовка за исклучително значајниот дуел со „цибоси“, информираат од таборот на македонскиот шампион.

Снежните врнежи и големиот студ кој ја зафати Македонија се причините поради кои кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вчера не отпатуваа за Загреб, каде утре треба да го одиграат натпреварот од 17. коло од АБА-лигата против домашната Цибона.

Според планот, сино-белите навреме беа на скопскиот аеродром во очекување на авионот со кој требаше да заминат за хрватската престолнина, но тој, поради лошите временски услови воопшто не слета на „Александар Велики“ поради што пропадна и можноста за заминување во Загреб. Избраниците на тренерот Анте Назор веќе се враќаат кон салата „Јане Сандански“ каде што ќе го одработат вечерниот тренинг наместо во салата на задутрешниот противник.

-Ваквиот развој на настаните го загрозува и одигрувањето на натпреварот против Цибона во предвидениот термин, пред се поради лошите услови кои владеат на патниот правец Скопје-Белград, поради што во моментов заминувањето со автобус воопшто не е во игра. Дополнителен проблем е што утре воопшто нема авионски лет кон Загреб, што предизвикува огромни главоболки кај луѓето од управата на МЗТ Скопје Аеродром, соопштија претходно од МЗТ.

Средбата Цибона – МЗТ Скопје Аеродром е закажана за утре со почеток во 17 часот. /МИА

Датум на објава: сабота, 07 јануари 2017 во 09:33
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар