Бразилецот по втор пат беше исклучен оваа сезона во Премиер лигата, претходно тој превдреме го заврши натпреварот Со Челзи на 3 декември.

Менаџерот на „граѓаните“ нема да може да смета на услугите на Фернандињо за средбите со Вест Хем во ФА купот, и за првенствените дуели со Евертон, Тотенхем и Вест Хем.

Со казна од ФА се соочува и Бакари Сања, одбранбениот фудбалер на Сити кој го критикуваше судијата Мајсон за делењето на правдата на мечот Манчестер Сити – Барнли. Французинот на социјалните мрежи напиша дека натпреварот бил „10 против 12“.  

Сања има рок до петок да го објасни тој коментар, а потоа надлежните ќе одлучат дали ќе покренат постапка против него. /МИА

Датум на објава: четврток, 05 јануари 2017 во 10:44
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар