Челзи не успеа да стане апсолутен рекордер по бројот на врзани победи, бидејќи таково достигнување има и Арсенал во 2004 година.

Јунак во победата на Тотенхем беше двојниот стрелец Деле Али кој погоди во судиското надополнување од првото полувреме и во 54.минута.

И покрај поразот, Челзи остана на лидерската позиција со „комотна“ предност пред конкурентите.

Резултати на другите натпревари од 20.коло во Премиер лигата одиграни претходно:

Борнмут – Арсенал 3:3,
Кристал Палас – Свонси 1:1,
Стоук – Вотфорд 2:0,
Вест Хем – Манчестер Јунајтед 0:2,
Евертон – Саутемптон 3:0,
Манчестер Сити – Барнли 2:1,
Сндерленд – Ливерпул 2:2,
ВБА – Хал 3:1,
Мидлзброу – Лестер 0:0.

Табела: Челзи 49 бодови, Ливерпул 44, Тотенхем 42, Манчестер Сити 42, Арсенал 41, Манчестер Јунајтед 39, Евертон 30,.../МИА

Датум на објава: четврток, 05 јануари 2017 во 09:22
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар