Според синдикатот дури 69 проценти од играчите не земаат плата на време и скоро сите бараат трансфери и предвремен раскин на договорите.

ФИФПРО смета дека условите во Србија се катастрофални, а ситуацијата дополнително ја комплицира српскиот сојуз кој ги сменил арбитражните судии поставени од страна на српскиот фудбалски синдикат и со тоа ја намалил можноста за фер третман на погодените играчи. Исто така сојузот ја зголемил таксата за жалби на играчите. /МИА

Датум на објава: среда, 04 јануари 2017 во 21:52
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар