- Станува збор за добро познат кошаркар за навивачите на „соколите“, со оглед на тоа што со повеќе од солидна успешност настапуваше во дресот на нашиот тим во минатата сезона. Српскиот интернационалец ни се приклучува од таборот на романскиот тим ЦСУ Крајова, каде што настапуваше досега. Тој игра на позицијата бек-шутер и доаѓа на местото на Горан Врбанц, кому му истече договорната обврска со Карпош Соколи, соопшти клубот.

Шепа во досегашната кариера има настапувано за Црвена звезда, Раднички Крагуевац, Нови Сад, ОКК Београд и македонскиот тим Кожув, а од него се очекува да донесе дополнителен квалитет во играта, пред се во дефанзивата што е негова специјалност.

Процедурата за негова регистрација во АБА-лигата е пред крај и дебито на Србинот во дресот на Карпош Соколи се очекува веќе на саботното гостување кај Партизан. 

Датум на објава: среда, 04 јануари 2017 во 12:37
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар