Македонија славеше со 28:24, мечот го започна со Колев на голот, Талески, Миркуловски и Кире Лазаров на бековската линија, Столе Стоилов како прв пивот и Манасков и Георгиевски по крилните позиции. На полувреме домаќините водеа со 16:11.

Дејан Манасков постигна седум, Стоилов и Кире Лазаров постигнаа по пет погодоци, а Никола Митревски имаше десет одбрани.

Кај гостите од Босна Вегар и Овчина постигнаа по четири погодоци додека Бенјамин Буриќ одбрани 14 удари кон својата мрежа.

Македонија и БиХ ќе одиграат уште две пријателски средби во наредните два дена, но двете ќе бидат од затворен карактер./МИА

коментари

остави коментар