Британецот во пресрет на турнирот "Катар Опен" во Доха, рече дека српскиот тенисер оваа година ќе му го отежнува животот на теренот.
- Кога станува збор за позицијата број еден, Новак ќе биде најголема закана, рече Мареј, пренесува АФП.

Најдобриот српски тенисер и светски рекет број 2, првиот дуел оваа година ќе го има утре на турнирот во Доха против Германецот Јан-Ленард Штруф.
Ривал на Мареј ќе биде францускиот тенисер Жереми Шарди. 

Датум на објава: понеделник, 02 јануари 2017 во 16:57
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар