Имено вечерва со дуелот меѓу Хал – Евертон (од 21 часот), ќе биде отворено 19.коло, кое во сабота носи дури седум натпревари.
Во вообичаениот термин од 16 часот ќе започнат натпреварите: Свонси – Бурнемут, Саутемптон – ВБА, Манчестер Јунајтед – Мидлсборо, Лестер Сити - Вест Хем, Челзи – Стоук и Барнли – Сандерленд.

Дербито на колото е воочи Нова година, а ќе се игра на „Енфилд“ каде од 18 часот и 30 минути ќе истрчаат фудбалерите на Ливерпул и Манчестер Сити, во мечот на второ и трето пласираните екипи на табелата.

На првиот ден на новата 2017 година, од 14:30 часот ќе играат Ватфорд - Тотенхем , додека дуелот Арсенал - Кристал Палас ќе започне во терминот од 17 часот.

Табела: Челзи 46 бодови, Ливерпул 40, Манчестер Сити 39, Арсенал 37, Тотенхем 36, Манчестер Јунајтед 33,... 

Датум на објава: петок, 30 декември 2016 во 19:20
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар