Искусниот македонски стратег Миленковски во вторник и официјално ќе биде промовиран како нов предводник на оваа репрезентација.

Одличните резултати кои Миленковски ги постигна со екипата на Мали Мили Пјанго беа повеќе од доволна препорака турската федерацијата да му ја укаже довербата да ја предводи машката селекција на оваа земја.

Миленковски ќе има богата агенда претстојново лето со турската репрезентација која ја очекува настап во квалификациите за Светското првенство и во Светската лига, како и настап на Европскиот шампионат.

- Претставува огромна чест за мене да водам една репрезентација како Турција, на чие чело би сакал да биде секој тренер. Постоеше и претходно интерес и најава дека би се нашол на оваа функција, но тогаш беше понудено да бидам само селектор, што за мене беше неприфатливо, бидејќи сакав да го водам клубот Мали Мили Пјанго. Од тогаш некои работи се сменија и сега федерацијата го прифати тој услов и не постоеше причина поради која не би се остварила соработката. Не чека напорна година, во мај имаме квалификации за Светско првенство, потоа цело лето настапи во Светската лига. Круната на годината ќе биде Европското првенство во Полска, изјави Миленкоски.

Миленковски веќе шест години работи во Турција, а со назначувањето на селекторската функција, неговата биографија во која е и националното признание „Спортски амбасадор на Република Македонија“, ќе биде дополнително збогатена. 

Датум на објава: петок, 30 декември 2016 во 16:58
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар