Кајри Ирвинг со дабл-дабл од 32 поени и 12 асистенции, како и Кевин Лав кој реализираше 30 поени ги предводеа „Кавси“ до 24. победа сезонава. Иако не беше најефикасен во својата екипа, сепак Леброн Џејмс одигра уште една маестрална партија во кој оствари „трипл-дабл“ со 23 поени, 15 скокови и 12 асистенции.

Предноста на домашниот терен ја искористија уште четири екипи. Марк Гасол со 25 поени ја предводеше еикпата на Мемфис до победата над Оклахома Сити со 114-80. Составот на Шарлот го совлада Мајами со 91-82, додека Феникс беше подобар од Торонто со 99-91, како и Јута која со 100-83 ја победи Филаделфија.

Единствениот меч на кој синоќа победа славеа гостинскоите кошаркари се одигра во „Степлс Центарот“ во Лос Анџелекс, каде Далас со 101-89 ги победи „Лејкерси“.

Вечерва во терминот од 22 часот по македонско време ќе се игра мечот меѓу Индијана и Чикаго. 

Датум на објава: петок, 30 декември 2016 во 09:55
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар