На средбата во Белград, екипата на Црвена Звазда го совлада актуелниот шампион ЦСКА со 78-67, со што на московската екипа и го нанесе само третиот пораз сезонава.
И вицепрвакот Фенербахче загуби, и тоа на гостувањето во Атина кај Олимпијакос со 71-62.
Победа на домашен терен оствари и Басконија која со 101-88 го совлада Макаби Тел Авив со 101-88, додека на преостанатите два натпревари каде се радуваа гостинските кошаркари беа постигнати овие резултати, Анадолу Ефес - Реал Мадрид 78-80 и Армани Милано - Жалгирис 70-78.
Останатите три дуели од 15. коло ќе се играат денеска, а двојките се: Уникс Казан – Панатинаикос, Галатасарај – Бамберг и Барселона – Дарушафака.
Табела: ЦСКА Москва 12-3 (победи-порази), Реал Мадрид 10-5, Олимпијакос 10-5, Басконија 10-5, Панатинаикос 9-5, Фенербахче 9-6, Дарушафака 8-6, Црвена Звезда 7-8, Анадолу Ефес 7-8, Барселона 6-8, Жалгирис 6-9, Бамберг 5-9, Уникс Казан 5-9, Макаби Тел Авив 5-10, Галатасарај 4-10 и Армани Милано 4-11. 

Датум на објава: петок, 30 декември 2016 во 09:32
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар