На средбата од групата Б, кошаркарите на Фени Индустри, вечерва пред својата публика во Кавадарци, забележа минимална победа над Пеќ со 90-88 по четвртини 28-21, 20-18, 20-16 и 22-33.

Грузиецот, Георге Шарабидзе со „дабл-дабл“ учинок од 24 поени и 13 скокови, беше лидер во оваа победа на Фени Индустри во која српскиот интернационалец Матија Чешковиќ постигна 20 поени, а Јане Петровски партиципираше со улинок од 15 поени имаше и 7 асистенции.

А група - табела: Куманово 6-2 (победи-порази), Теодо 4-4, Башкими 4-4, Берое 4-3, Кожув 2-5 и Сигал Приштина 2-4.

Б група - табела: Сутјеска 5-3 (победи-порази), Фени Индустри 5-3, Пеќ 4-3, Карпош Соколи 3-5, Тирана 3-5, и Трепча 3-4.

Во БИБЛ лигата следува двонеделна пазуа, а натпреварите ќе продолжат на 10 јануари 2017 година. /МИА

коментари

остави коментар