- Ова се сериозни подготовки, какви што доликуваат на една светска ракометна репрезентација. Познавајќи го Червар ова не е изненадување за мене. Условите се одлични, работиме во изолација, фокусирани сме само на тоа што се бара од нас. Очекуваме да пристигнат и Манасков и Миркуловски и се надеваме дека се ќе се одвива во најдобар ред до стартот на Светското првенство, изјави Лазаров.

Подмладување на националниот тим значи и уште поголем товар врз капитенот, од кого ќе зависат уште повеќе работи пред се во нападот на репрезентацијата на СП во Франција.

- Да бидам искрен, доаѓањето на голем број млади играчи сигурно значи и дополнителен товар. Ова се млади ракометари кои навистина многу почитуваат и слушаат се она што им се кажува, но јасно е дека ќе треба време и натпревари за нивно созревање. Треба да им се посвети многу повеќе внимание, да им се укажат повеќе работи за време на тренинзите. Тоа на некој начин е товар, но не е нешто од што се плашам. Продолжуваме да работиме за остварување на целите што се зацртани, дополни капитенот.

Покрај сениорите во Маврово се подготвуваат и јуниорите, а тие таму ќе останат до сабота, 30 декември, за веднаш по новогодишните празници веќе на 2 јануари да продолжат со вториот дел од потдготовките кои ќе се одвиваат во Скопје. 

Датум на објава: вторник, 27 декември 2016 во 17:08
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар