Имено, за настапот на претстојното Светско првенство во ракомет во Франција (11-29 јануари 2017 година), за потребите на машката ракометна репрезентација МОК обезбеди финансиска помош во износ од 40.000 американски долари, средства кои ќе бидат наменети за подготовки и учество на нашите најдобри ракометари на овој најголем ракометен настан во 2017 година.

Ракометарите веќе се подготвуваат во Маврово, каде ќе ја темпираат формата за претстојниот Мундијал.

Потсетување дека, нашите најдобри ракометари ќе играат во групата Б заедно со репрезентациите на Тунис, Ангола, Словенија, Шпанија и на Исланд.
Како и секогаш, од МОК посочуваат дека силно веруваат во квалитетите на нашите најдобри ракометари и дека тие на ова Светско првенство ќе го прикажат своето најдобро. 

Датум на објава: понеделник, 26 декември 2016 во 16:48
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар