Во текот на целиот натпревар гостите имаа водство против шампионот, а на почетокот на последниот период имаа и 14 поени позитива (94:80).

Во последните десет минути Ирвинг „се разбуди“ и му беше од голема помош на Леброн Џејмс за триумф на шампионот. Џејмс дуелот го заврши со 31 поен, а Ирвинг имаше 25 поени, со 10 асистенции и седум украдени топки. Најефикасен на дуелот беше Кевин Дјурант со 36 поени.

На ноќеска одиграните дуели беа постигнати следниве резултати:

Њујорк – Бостон 114:119,
Кливленд – Голден Стејт 109:108,
Сан Антонио – Чикаго 119:100,
Оклахома Сити – Минесота 112:100 и
Лос Анџелес Лејкерс – Лос Анџелес Клиперс 111:102.

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 27-5, Сан Антонио 25-6, Хјустон 22-9, ЛА Клиперс 22-10, Мемфис 20-12, Оклахома Сити 19-12, Јута 18-13, Сакраменто 13-17,...

Пласман Источна конференција: Кливленд 23-7 (победи – порази), Торонто 21-8, Бостон 18-13, Шарлот 17-13, Њујорк 16-14, Атланта 15-15, Милвоки 14-14, Индијана 15-16,.../МИА

Датум на објава: понеделник, 26 декември 2016 во 09:45
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар