Вестбрук синоќа одново ја предводеше својата екипа Оклахома до победа и тоа на гости против Бостон со 117:112. Вестбрук средбата ја заврши со нов „трипл-дабл“ учинок од 42 поени, 10 скокови и 7 асистенции.

Победи забележаа и минатогодишните финалисти. Шампион Кливленд на домашен терен го победи Бруклин со 119:99, додека Голден Стејт предводен од Кевин Дурант со 32 поени победи на гостувањето против Детриот со 119:113.

На останатите натпревари одиграни ноќеска во НБА лигата беа постигнати овие резултати:

Шарлот – Чикаго 103:91
Орландо – ЛА Лејкерс 109:90
Кливленд – Бруклин 119:99
Детроит – Голден Стејт 113:119
Мемфис – Вашингтон 123:96
Минесота – Сакраменто 105:109
Њуорленс – Мајами 91:87
Феникс – Филаделфија 123:116
Јута – Торонто 98:104
Портланд – Сан Антонио 90:110

Ла Клиперс – Далас 88:90. /МИА

Датум на објава: сабота, 24 декември 2016 во 11:21
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар