Успешниот настап во квалификациската група што се играше на Фарски Острови, им обезбеди пласман на нашите репрезентативки на бараж-натпреварите кои ќе се одиграат во јуни 2017 година. Во првиот натпревар од баражот Македонија е домаќин на Шведска, а реваншот се игра на теренот на противникот.

Победникот од бараж-двомечот ќе обезбеди пласман на Светското првенство Германија 2017. /МИА

Датум на објава: петок, 23 декември 2016 во 12:29
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар