- Почнувајќи од далечната 1954 година кога скијачот Јахија Рефик за првпат беше избран за Спортист на Македонија, оттогаш па наваму голем број звучни македонски имиња го добија ова одличје за остварените резултати на домашната и меѓународната сцена, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.

Годинава има девет категории за кои што се гласа и три категории за најдобрите училишни клубови од основното, средното и високото образование. Во процесот на номинирање на најдобрите и гласањето учествуваа спортските федерации, медиумите и седумте членови од Советот за спорт при АМС.

Ќе се избираат спортист и спортистка на Македонија, млад спортист и млада спортистка, најуспешен машки национален тим и најуспешен женски национален тим, најуспешен спортист на лица со инвалидитет, најуспешен селектор и најуспешна национална спортска федерација,

Манифестацијата ќе се одржи на 23 декември (петок) во Македонскиот народен театар во Скопје со почеток во 20 часот. 

Датум на објава: среда, 21 декември 2016 во 15:10
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар