- Низ 25-те години натпреварување, од мојата шеста година, тоа беше мојот сон, моја „работа“ да станам шампион во формула 1. Во неделата наутро пред трката во Абу Даби, знаев дека ова може да биде моја последна трка. Со многу труд, болки, жртви тоа беше мојата цел. Успеав, напиша во својата порака каде го објави своето повлекување, Розберг.

Одлуката за повелекување Розберг ја донесе во понеделникот навечер.
Тој во својата кариера имаше 206 старта на трките во формула 1, а победи оствари на 23 и притоа имаше и 57 подиуми. Своето деби Нико го имаше во 2006 година на трката за Големата награда на Бахреин, а првата победа ја постигна шест години подоцна на трка за ГН на Кина. Последната победа му беше на патеката Сузука за ГН на Јапонија во октомври годинава.

Розберг покрај за Мерцедес возеше во формула 1 и за тимот на Вилијамс.

Датум на објава: петок, 02 декември 2016 во 15:50
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар