Недев во финалето го совлада повеќекратниот европски и светски шампион Италијанецот Леоне Матео, кој го освои второто место. Третото место го поделија преставниците на Србија и Чешка.

Ова за Недев е второ злато од официјалните европски првенства, по првиот освоен златен медал во 2011 година во кумите-борба на Европскиот шампионат во Ерусалим.

Мила Саздова освои златен медал во кадетска конкуренција. Ова е прв златен медал за Саздова од официјалните европски првенства. Второ место и припадна на репрезентативката на Словенија, а третото место на преставничката на Србија. /МИА


коментари

остави коментар